Maкедонската ракометна репрезентација вчера претрпе уште еден пораз на Европското првенство од селекцијата на Германија, а по натпреварот селекторот Лазаров потенцираше дека ракометарите кои се на Европското првенство се најдоброто од Македонија.
Јавноста не е задоволна и критикува, посебно за начинот на кој ги губиме натпреварите каде што изгледа како да немаме никакви шанси. Против Германците вчера имавме и дури 20 изгубени топки.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Честитки до Германија, ја заслужи победата. Тие се на повисоко ниво од нас, тоа го докажаа и против Швајцарија. Не бев задоволен од играта на мојата репрезентација, повторно направивме повеќе од 15 грешки, технички грешки, и со таков пристап станува невозможна мисија да играте против една Германија. Ни следува еден ден одмор, ќе се обидеме да бидеме подобри против Швајцарија која има исто така добар тим и искусни играчи
Имавме неколку глупави грешки во првите 10 минути и Германија речиси веднаш направи четири или пет гола предност. Потоа, не бевме толку лоши, но ни требаше предолго да влеземе во игра. Кога Германија е во позитива, има толку големо искуство што на другиот тим му е тешко да биде рамноправен. Но, Ова е најдоброто што го има Македонија во овој момент, најдоброто од нашата земја. Мислам дека имаме квалитет, имаме сила и ќе се обидеме да се покажеме во подобро издание и подобро светло против Швајцарија“, изјави Лазаров.
Македонија последниот натпревар од групната фаза го игра утре против Швајцарија од 18:30 часот.
Фото: EHF / Kolektiff