Ракометната репрезентација на Македонија го одработи првиот тренинг во Берлин каде што се подготвува за натпреварот против домаќинот Германија.
Пред тренингот Лазаров го анализираше натпреварот против „триколорите“ кој го загубивме со десет разлика 39:29.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Жалиме за дуелот со Франција поради резултатот. тоа беше нереално, имавме добри моменти, ама и такви кога грешевме премногу. Ние тогаш имавме 20 технички грешки, против Франција тоа е премногу.
Мислам дека треба да се сконцентрираме, на ова ниво не смееме да бидеме опуштени и мора да сме максимално фокусирани. Мора да сме попрецизни и поконцизни во сите сегменти на ракометната игра. Протв Французите имавме квалитетно полувреме. Доаѓавме до шанси, промашувавме зицери и грешевме.
На полувреме требаше да имаме поквалитетен резултат. Еден сериозен тим не смее да си дозволи да прима голови во последна секунда како што беше случај против Франција. Против ваков тим, па дури и со послаб ривал мора да имаме концентрација на повисоко ниво. 60 минути изгледа малку, ама против такви ривали е навистина многу. Натпреварот генерално беше убав за око, со страшен ритам.
Мора да го промениме нашето, македонското. Лесно е да се каже, ама тоа мора да се поправи преку тренажен процес. Се сложувам со јавноста дека мора да сме поцврсти. Добро трчавме и се враќавме, ама не успевавме да го запреме налетот на Французите. Се сложувам за одредени критики, дека мора да одиме на повеќе контакт со кои ќе изнудуваме деветерци и ќе ги водиме кон пасивна игра“, истакна Лазаров.
Натпреварот против Германија, Македонија го игра в недела од 20:30 часот на „Мерцедес-Бенз Арената“. Два дена подоцна не очекува и последниот натпревар во групната фаза против селекцијата на Швајцарација.