Дома Останати Ракомет Лазаров: Нема калкулации против Шпанија и во Франција бевме во слична ситуација

Лазаров: Нема калкулации против Шпанија и во Франција бевме во слична ситуација

kire

Македонската репрезентација вчера го претрпе првиот пораз на Светското првенство Данска и Германија, бевме поразени од Хрватска, додека претходно славевме победи против Бахреин и Јапонија.

Утре избраницте на Раул Гонзалез ги чекува тежок натпревар против актуелниот европски шампион, Шпанија.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во краток временски период, за помалку од 24 часа Македонија ќе игра против две силни репрезентации. Прво против Шпанија утре од 20:30 часот, па потоа наредниот ден од 18:00 часот против Исланд.

Со цел да се добие на свежина за натпреварот кој може да биде клучен постоеше опција Македонија да го жртвува натпреварот против Шпанија. Сепак, капитенот Кире потврди дека такво нешто нема да се случи.

„Не размислуваме за калкулации и нема да илзеземе со бело знаме против Шпанија. Во Франција бевме во слична ситуација. Во рок од 17 часа игравме со Шпанија, па со Исланд. Со Шпанците париравме добро 50-тина минута, па одигравме нерешено против Исланд и бевме трети. За жал тогаш во тоа реми останавме без Миркуловски и Манасков, па бевме ослабени против Норвешка“, изјави Лазаров пред утрешниот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Лазаров: Мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното ЕП

Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација денеска со жрепка ги дозна противници…