Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров лут: Одигравме без почит кон битолската публика, со ваква игра нема што да бараме на Мундијалот!

Лазаров лут: Одигравме без почит кон битолската публика, со ваква игра нема што да бараме на Мундијалот!

Maкедонија вечерва славеше победа против Турција од 31:27, но со играта премногу и не воодушевивме, а од тоа како се претставивме не беше задоволен ниту капитенот Кире Лазаров.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Капитенот на нашата селекција потенцираше дека со ваква игра немаме шанси на Мундијалот кој се наближува.

„Победата е најважна, но ова беше еден од нашите најслаби натпревари во последните десет години. Одигравме слабо и без почит кон публиката во Битола. Како капитен сакам да испратам извинување до сите кои не успеаа да влезат во салата. Навистина заслужија да одиграме подобро и им се заблагодарувам за големата поддршка“.

„Мораме да размислиме и да работиме со ваква игра немаме што да бараме на претстојниот Мундијал. Знам дека нашиот селектор има што да каже, имам и јас. Мораше да ја искористиме шансата пред преполната сала, победивме, но одигравме слабо и премногу лошо. Пристапот беше најголемата грешка. Игравме против противник кој не играл на големо натпреварување, но во тимот има млади играчи кои токму на вакви натпревари треба да покажат што знаат и да се надоградуваат. Во следниот натпревар против Грција мораме да бидеме далеку посериозни“, изјави Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…