Дома Македонски спорт Лазаров: Кога победуваме веднаш мислиме дека е лесно – тоа она македонско размислување

Лазаров: Кога победуваме веднаш мислиме дека е лесно – тоа она македонско размислување

lazarov

Македонија денес победнички го отвори Светското првенство во Данска и Германија. Избраниците на Раул Гонзалес денес ја победија Јапонија со девет голови разлика 38:29.

Капитенот Кире Лазаров беше задоволен од победата, но не и од нашата игра во целост.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според Лазаров има делови во нашата игра кои мораме да ги порправиме и надополниме.

„Ако го гледаме само резултатот би кажале дека лесно победивме, но не беше така. Многу се спремавме за оваа средба и тоа вроди со плод. Не беше лесно, потребни ни беа 50 минути за да го решиме натпреварот. Не ми се допадна тоа што имавме неколку неодговорни шутеви кога имавме поголема предност. Ова е нова репрезентацијак оја треба да се гради и мислиме на иднината. Помладите играчи созреваат од натпревар во натпревар. Победата е добра и за самодовербата кај помладите“, изјави Лазаров.

Следува Бахреин…

„Одиме чекор по чекор, не очекуваме да е лесно. Кога победуваме изгледа како да е лесно и тоа македонсктоо размислување, дај боже навистина да биде така. Сепак Бахреин играше финале на Азискиот куп против Катар и не одиграа лошо. Сега треба да се одмориме и добро да се подготвиме, она што ни недостасува треба да го надополниме со патриотизам“, смета капитенот.

Македонија натпреварот против Бахреин го игра во недела со почеток од 14:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Столе Димитриевски спремен да преговара за трансфер во Саудиска Арабија?

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски според информациите на дел од медиумите има понуда …