Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров за отсуството на Манасков: За оваа репрезентација треба да сакаш да играш

Лазаров за отсуството на Манасков: За оваа репрезентација треба да сакаш да играш

Селекторот Кирил Лазаров денес ги собра репрезентативците на кои ќе смета за претсојниот двомеч со Португалија, а по објавувањето на составот изненадување беше затоа што во составот ги нема Дејан Манасков и Гоце Георгиевски.

Денес селекторот Лазаров порача дека во репрезентацијата се оние што сакаат да играат и предност ќе добијат помладите, таква била неговата одлука по завршеното Светско првенство.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„По завршувањето на СП одлучив шанса да добијат помладите како Цветан Кузманоски кој покажа дека е голем талент и може да игра на високо ниво. Тука е и Петар Атанасијевиќ кој покажа дека има потенцијал и на него може да се смета.

Во овој ростер дефинитивно имаме квалитет, се надевам на позитивен резултат. Вратата за Манасков е отворена, во оваа репрезнетација треба да сакаше да играш. За никого не е затвоарена вратата и одлуката не е конечна“, изјави Лазаров.

Поради приватни причини за Португлаија, Лазаров нема да смета и на Филип Талески кој беше на списокот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…