Дома Македонски спорт Големо интервју на Лазаров: Вардар е институција и е потребен на македонскиот народ!

Големо интервју на Лазаров: Вардар е институција и е потребен на македонскиот народ!

Македонскиот капитен Кире Лазаров имаше големо интервју за хрватскиот портал „24 часа“.

Како што е познато Лазаров првите интернационални чекори ги направи во хрватски ППД Загреб и затоа е интересен за јавноста во оваа земја. Лазаров во интервјуто зборуваше за многу моменти од неговата кариера, а тема беше и Вардар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како прво започнал да тренира кошарка.

„Прво тренирав кошарка, започнав во петто одделение. Мој идол беше Тони Кукоч и бројот седум на дресот го носев поради него. Поради татко ми се префрлив на ракомет. Тој беше голем играч во најдобрите денови од кариерата играше за Вардар во југословенската лига. Ми беше малку непријатно поради него, а него не му беше сеедно што тој е ракометар, а син му игра кошарка. Започнав во РК Овче Поле. Таму сум роден и таму ракометот е долга традиција“.

За дознавањето за земјотресот во Загреб на 22. март

„Тоа утро се разбудив околу 8:30 часот, го земав телефонот и на друштвените мрежи веќе имаше голем број објави. Се почувствував лошо, ме фати паника, искрено…Имам многу пријатели во Загреб и првата мисла ми беше дали се живи и здрави. Почнав по ред да ги барам и да им испраќам пораки. Му благодарам на Бог оштетувањето по куќите и становите не беше големо и немаше поголеми проблеми кај нив“.

За почетоците во Загреб.

„Дојдов во Загреб на 20 години како талентиран и млад играч, Имав и други понуди од Германија и Шпанија. Но, не размислував многу срцето ме влечеше кон Загреб, голема причина беше и јазикот. На почетокот на кариерата тоа ви е навистина важно“.

За кризата во Вардар.

„Вардар направи многу, дури и повеќе од што се очекуваше. Најмногу заслуги за тоа има Самсоненко, вложи многу и паметно, беше многу упорен. Ако политиката се вмеша во спортот, тогаш е лошо. Но, Вардар е институција и се надевам дека се ќе биде во ред затоа што е потребен на македонскиот народ и македонскиот спорт“.

Ритуалите пред натпреварите.

„Верник сум и пред секој натпревар одам во црква ако имам можност. Освен тоа секогаш носам икона со себе и два три часа пред натпреварот се изолирам и сум сам, пијам кафе ако имам можност на сонце“.

Репрезентацијата на Македонија и неуспехот на последното Европско првенство.

„Ја подмладивме репрезентацијата. Требаше тоа да го направиме можеби и порано, но од секоја грешка се учи. Репрезентацијата физички те истрошува, посебно ако сте како мене во сериозни спортски години, а за младите играчи е одличен промотор на пазарот“.

Целото интервју на Лазаров можете да го прочитате – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Жиру потврди: Го напуштам Милан

Исксусниот голгетер Оливие Жиру денес потврди дека после три сезони го напушта Милан и се …