Ракометната репрезентација на Македонија денес го имаше првиот собир пред почетокот на Светското првенство кое започува во јануари.
Пред медиумите денес излезе и нашиот капитен Кире Лазаров.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Добивме тешка група во која сите селекции имаат големи амбиции. Хрватска, Исланд и Шпанија се репрезентации за кои не треба многу да се зборува, а потоа тука се и двете селекции кои се непознати за нас бидејќи никогаш не сме играле против нив. За било какви проценки е навистина прерано, засега главна цел е да тренираме, не можеме да ветуваме премногу“, изјави Лазаров.
Како што е познато Македонија во Германија ќе оди без еден од најважните играчи, Филип Миркуловски. Миркуловски ќе го пропушти Мундијалот поради повреда и тоа дефинитивно е хендикеп за нашата селекција.
„Во Нант веќе играв како среден бек и можам да го направам тоа и тука ако е потребно. Можеби би било и одлично да биде повеќе разновидни во играта. Верувам во помладите играчи на мојата позиција. Засега целата е да одиме натпревар во натпревар, тука ќе бидам дадам поддршка на помладите како поискусен“, порача нашиот капитен.