Искусниот дефанзивец на Јувентус, Џорџо Кјелини не ја отфрла можноста да игра и по наредната сезона.
Тој скоро сигурно останува во редовите на Старата дама уште една година иако договорот му истекува ова лето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, преку вклучување на Инстаграм во живо не ја отфрли можноста дека и после новата сезона може да продолжи да игра.
„Ќе играм уште една сезона, а потоа ќе видам како се чувствувам. Можам да се опростам следното лето, а можам по неа да одиграм уште една.“ – рече Кјелини.
Исто така додаде дека се надева дека ќе може да игра и на ЕП кое е одложено за следното лето.
Инаку, овој 35-годишен фудбалер е член на Јувентус уште од 2005. година, кога пристигна од Фиорентина. Оваа сезона имаше големи проблеми со коленото и одигра само три натпревари во Серија А.