Дома Фудбал Кутињо ја напушта Барса поради…БИЗАРНА причина!

Кутињо ја напушта Барса поради…БИЗАРНА причина!

Се погласни се шпекулациите дека Филипе Кутињо на крајот на сезоната ќе ја напушти Барселона.

Бразилецот го загуби местото во стартниот тим, а ситуацијата ја прават деликатна 160-те милиони евра кои клубот ги даде за неговиот потпис.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Кутињо е најскапото засилување во историјата на клубот, а се претвори во „луксузна резерва“, бидејќи не се вклопува најдобро во тактиката на тренерот Ернесто Валнерде.

Доколку работите не се променат во следниот месец, тогаш Кутињо на лето сигурно ќе го напушти „Камп Ноу“, а медиумите пренесуваат дека Барса веќе ја одредила цената и за неговата слобода бара 130 милиони евра.

Поради тоа локалните медиуми се занимаваат со причините за лошите настапи на Кутињо во Барселона. Денес се појавија чудни приказни за наводно проколнатата куќа на Кутињо во Кастелделфелс, градче смесетено помеѓу морето и планините во Барселона.

Таа иста куќа ја купи Фабрегас и после само неколку месеци Барселона го продаде. Долго во неа престојуваше и Томас Вермален, баш во периодот кога поради повреди не играше премногу во Барселона за потоа во 2016 година да се пресели Андре Гомеш кој пристигна како големо засилување од Валенсија за 40 милиони евра. Иако се најавуваше како големо засилување не се избори со притисокот и стана едно од најголемите промашувања за Барселона. Денес таму живее Кутињо…

Во оваа куќа Кутињо се пресели на совет на Луис Суарез, поранешниот соиграч од Ливерпул. Идејата била да биде поблиску до него и до Меси за напаѓачкото триo на Барселона подобро да се поврзе. Некои 15 месеци подоцна покрај левата аут линија во главно игра Осман Дембеле, a Кутињо е пред заминување од „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…