Дома Фудбал Кутињо сепак го одбра дресот со број 14, „седумката“ оди за…

Кутињо сепак го одбра дресот со број 14, „седумката“ оди за…

Новиот фудбалер на Барселона, Јери Мина и официјално ќе го носи дресот со број 24. Дефанзивците носат најголеми броеви во тимот, Умтими има 23-та, Верален 25-та, а Колумбиецот го избра бројот меѓу нив.

Каталонските медиуми пишуваат дека Мина ја продолжил традицијаат со бројот 24 кој некогаш го носеа и Карлес Пујол, Андрес Иниеста, Јаја Туре, Серџи Роберто како и Жереми Матије.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Интересно, Кутињо и понатаму нема официјално избрано број на дресот, а денес се појави информација дека нема да ја носи „седумката“ која ја остави Арда Туран со образложение дека тој број „се чува за едно големо летно засилување“.

„Седумката“ е слободна веќе неколку дена, но Кутињо најверојатно ќе го носи дресот со број 14, откако Маскерано ќе го напушти клубот.

Дресот со број 7 ќе го носи новото бомбастично засилување од следното лето, а медиумите претпоставуваат дека тоа најверојатно ќе биде Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…