Ѕвездата на Барселона, Филипе Кутињо, кој во последно време се поврзува со евентуален трансфер на „Олд Трафорд“, изјави дека за него ќе биде двојна радост доколку го елиминираат Манчестер Јунајтед од Лгата на шампиони.
Доколку тоа се случи, Бразилецот во полуфиналето може да се врати на „Енфилд“ во потенцијален дуел со Ливерпул за влез во финалето од Лигата на шампиони.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кутињо изјави дека за него е голема желба повторно да игра на стадионот каде ја доживеа својата фудбалска афимација.
„Ако јас и Суарез бидеме исвиркани на Олд Трафорд ќе биде нормално, но тоа за мене нема никакво значење. Тоа додатно ќе ме стимулира да го дадам најдоброто до себе си. Знам дека натпреварите против Манчестер Јунајтед се специјални. Кога играв во Ливерпул овие дербија секогаш беа нешто посебно“, изјави Кутињо.
„Ако Барселона го елиминира Манчестер Јунајтед тоа за мене ќе биде двојно задоволство. Знам дека фановите на Ливерпул ќе ни дадат поддршка во мечот со Јунајтед. Но тие знаат дека после тоа можеме да се сренетем на Енфилд, па се разбира дека тогаш ќе сакам да ги победам. За мене ќе биде остварување на сонот ако повторно играм на тој стадион. Сигурен сум дека ќе има експлозија од различни чувства“, додаде Бразилецот.