Дома Фудбал Кутињо го пропушта Светското првенство

Кутињо го пропушта Светското првенство

Бразилскиот плејмејкер Фелипе Кутињо, поради повреда, ќе го пропушти претстојниот Мундијал во Катар. 

Според првите прогнози, Кутињо ќе отсуствува најмалку шест недели, па нема да се најде на списокот од 26 играчи што ќе го објави селекторот на Бразил Тите.

И покрај лошата форма, во која се наоѓа од почетокот на сезоната, Кутињо е еден од фудбалерите во кои бразилскиот селектор има голема доверба и според медиумите тој требаше да биде повикан за Катар.

Бразилецот се повредил на тренингот на Астон Вила, па ќе се врати на терените дури во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…