Голманот на Челзи, Тибо Куртоа, истакна денес дека и следната сезона ќе настапува за „Плавите“.
Куртоа има договор со Челзи до јуни 2019., се уште не преговарал со управата на клубот за новиот договор, а на крајот на следната сезона би можел да го напушти „Стемфорд Бриџ“ како слободен играч.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Белгиецот во последно време е на мета на критики од страна на навивачите поради лошата игра, пред се по мечот со Барселона во Лигата на шампионите, со оглед на тоа дека Лео Меси успеа да го собори со два погодоци кои минаа низ неговите нозе.
„Имам договор на уште една година и добро се чувствувам во Челзи. Ќе разговараме на крајот од сезоната. Знам дека ќе бидам во Челзи и следната сезона. Ќе бисам мирен на СП, ако таму отидам со јасна идеја за иднината, без оглед на тоа дали ќе го продолжам договорот или да да почекам една година“, истакна Куртоа за белгиските медиуми.
Куртоа се приклучи на националниот состав за пријателските натпревари, но мораше да ја напушти екипата и да се врати во Лондон за да закрепне од повредата на мускулот и тетивата.
За него како што наведуваат медиумите, заинтересирани се Реал Мадрид, како и ПСЖ.