Дома Фудбал Останато Куртоа ги избра најдобрите 3 голмани во светот

Куртоа ги избра најдобрите 3 голмани во светот

curtoa

Тибо Куртоа минатото лето го напушти Челзи и потпиша за Реал Мадрид, но во „Кралскиот клуб“ не му оди како што се очекуваше.

Белгискиот голман е често на удар на критики од јавноста поради своите партии на голот на Реал Мадрид и многумина сметаат дека неговото доаѓање на „Сантијаго Бернабе“ е тотално промашување. Меѓутоа, Куртоа не сака многу да зборува за тоа и изјави дека верува дека и понатаму е меѓу најдобрите голмани во светот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во разговор за шпанските медиуми, Куртоа откри кои за него се најдобри голмани во светот. Со оглед дека на оваа листа не може да се стави самиот себе, иако сакаше, на крајот одлучи на тројца одлични голмани.

„Не можам да ви кажам кој е најдобар во светот, бидејќи има навистина многу. За мене, постојат три најдобри голмани во светот, а тоа се Марк-Андре Тер Штеген, Алисон и Јан Облак. Тука некаде сум и јас но не можам самиот да се ставам во таква листа“, изјави Куртоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…