Дома Македонски спорт Мак фудбал Куп: Вардар се врати од 0:2 против Шкендија и во Тетово ќе гостува со реми

Куп: Вардар се врати од 0:2 против Шкендија и во Тетово ќе гостува со реми

kup na makedonija

Вардар и Шкендија денес го одиграа осминафиналето од Купот на Македонија, на крјаот натпреварот заврши без победник 2:2.

Иако „црвено-црните“ имаа негатива од 0:2 сепак можат да жалат затоа што во Тетово одат со нерешен резултат. Во првиот дел Вардар создаде голем број шанси, но голот Беким Реџепи правеше чуда на голот на Шкендија.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тетовци ги казнија неискористените шанси на Вардар и постигнаа два гола. Меѓутоа помеѓу двата гола кај Шкендија заработи исклучување Гледи Мици.

Предноста на Шкендија беше актуелна се до 72-та минута кога Бојан Колевски го врати Вардар во игра. Десет минути подоцна Тошевски го проигра Жуниор кој погодува за 2:2. Само неколку минути подоцна Адем имаше одлична прилика, но не ја реализираше. Во финишот кај Вардар беше исклучен Дарко Мицевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија направи чекор назад на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација на најновата ФИФА ранг листа која ќе биде објавена н…