Дома Фудбал Лига на шампиони Купил 27 влезници за неговото семејство да го гледа, па завршил со нив на трибините

Купил 27 влезници за неговото семејство да го гледа, па завршил со нив на трибините

zinceko

Младиот Украинец, Александар Зинчеко никако да ги дочека своите пет минути во Манчестер Сити.

Овој Украинец засега се памети само по тоа што минатата сезона во текот на славјето го бутна трофејот од Премиер лигата, а неговата реакција стана вирален хит на социјалните мрежи.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


https://youtu.be/pH1m1to8Lyk

Сега за него се пишува и тоа повторно не е за случувања на теренот. Англискиот шампионот гостуваше кај Шахтјор во третото коло од Лигата на шампионите 0:3, а Зинчеко пред натпреварот се радувал што ќе игра на домашен терен.

„Мајко, татко во вторник се враќам дома. Дојдете да ме гледате, за влезници јас ќе се погрижам. Немојте да се грижите“, порача Зинчеко и резервирал 27 влезници за своето семејство, но не размислувал за она најважното – дали ќе игра.

За негова несреќа Пеп Гвардиола одлучи да го испрати на трибините, па Украинецот не беше ниту на клупата и заедно со членовите на семејство натпреварот го гледаше од трибините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…