Неверојатна ситуација се случи во Барселона на пресконференцијата пред утрешниот дуел со Кадиз.
Тренерот Роналд Куман излезе на прес-конференција, прочита соопштение и замина, недозволувајќи им на новинарите да му постават прашања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ситуацијата во клубот е лоша, а особено после слабите резултати на тимот на стартот на сезоната, па Куман се најде под удар на големи критики.
„Добро утро на сите, клубот е позади мене во овој процес на реконструкција. Финансиската ситуација на клубот е поврзана со спортската, тоа значи дека треба да изградиме тим без големи инвестиции. Потребно е време, младите играчи можат да станат ѕвезди за две години.
„Младите ќе добијат шанси, како што во свое време ги добија Чави и Иниеста, но потребно е да се има трпение. Да се остане високо на табелата во Примера ќе биде успех оваа сезона. Европскиот фудбал е добра школа за овие млади таленти, но во Лигата на шампионите не можат да се очекуваат чуда“.
„Поразот од Баерн Минхен треба да се гледа од оваа перспектива, тимот треба да добие поддршка, со зборови и со дела. Знам дека јавноста го признава овој процес, Барселона не се соочува со ваква ситуација за првпат во историјата. Сметаме на вашата поддршка во овие тешки моменти, тимот и сите играчи се среќни од поддршката која ја добивме од фановите на дуелот со Гранада. Да живее Барса“, прочита Куман и го напушти пресот.
🗣 @RonaldKoeman: “Contamos con vuestro apoyo en estos tiempos difíciles” pic.twitter.com/l6lP9C9eCp
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) September 22, 2021