Тренерот на Барселона, Роналд Куман изјави дека утрешното Ел Класико е многу важно, но нема да биде одлучувачко за шампионската титула.
„Многу важен натпревар против одличен тим, кој многу се подобри во последно време како и ние. Нашата цел е титулата во Примера. Меѓутоа, резултатот од утрешниот меч нема да биде одлучувачки бидејќи има уште многу натпревари до крајот. Важно е што за утрешниот меч се враќаат Пике и Сержи Роберто“, истакна Куман.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Нашиот тим се подобри во одредени аспекти. Ова нема да биде како првото Ел Класико, каде исто така мислам дека бевме подобриот тим. Само се полам утре да не полудиме од мислата дека играме во Мадрид. Тимот во последно време игра добро и треба да продолжиме така“, додаде Куман.
How did Barça get into top form heading into the final stretch of the season?@RonaldKoeman: pic.twitter.com/sYUXak8BIe
— FC Barcelona (@FCBarcelona) April 9, 2021