Дома Фудбал Куман призна: Не спаси голманот!

Куман призна: Не спаси голманот!

Тренерот на Барселона, Роналд Куман специјално го пофали голманот Тер Штеген и го посочи како клучен во победата над Динамо Киев (2:1) во Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германецот имаше неколку клучни одбрани и беше еден од најзаслужните за победата на Каталонците.

„Добро почнавме, постигнавме гол, имавме неколку шанси. Сепак како времето одминуваше ја губевме контролата. Ривалот започна да создава шанси, среќа што нашиот голман беше фантастичен. Не спаси во неколку ситуации. Покажа колку е добар и дека е во врвна форма“, изјави Куман.

„На три меча, имаме три победи во ЛШ. Тоа е добро. Но мораме да играме подобро, особено кога топката не е во наш посед“, заклучи холандскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уште една легенда ќе му помага на Зидан на клупата на Франција

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Зинедин Зидан, повторно ќе соработув…