Дома Фудбал Куман прави место за засилувања: Од Барса во јануари си заминуваат четворица?

Куман прави место за засилувања: Од Барса во јануари си заминуваат четворица?

Барселона во јануари изгледа ќе се ослободи од некои фудбалери.

Според информациите на шпанските медиуми Куман ќе се откаже од услугите на: Умитити, Фирпо, Алена и Пуиг.

Имено, Куман во јануари ќе се обиде да ја заслили екипата со двајца фудбалери, а главни мети се Гарсија од Манчестер Сити и Депај од Лион.

За да го направи тоа ќе мора да продаде некои фудбалери, а споменатите четворица фудбалери се на листата непотребни. Умитити наводно има неколку понуди од Англија и на него Барселона би заработила околу 20 милиони евра, додека Фирпо има понуди од Италија.

Кога станува збор за Алена и Пуиг тие двајца веројатно нема да бидат продадени туку ќе се испратат на позајмица, но се уште не е познато во кои клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн славеше „Златна топка“, па промаши пенал: Милан го урна Интер, Хакими со хет-трик

Баерн остана без победа во германското класико, Милан му го нанесе првиот сезонски пораз н…