Дома Фудбал Куман по поразот од Севиља: Не ни беше досуден пенал

Куман по поразот од Севиља: Не ни беше досуден пенал

Фудбалерите на Барселона вчера на гости кај Севиља беа поразени со 2:0 во првиот натпревар од полуфиналето во Кралскиот куп.

Каталонскиот клуб имаше шанси но играчите на Барселона промашуваа, а од Севиља пропуштените шанси ги казнуваа.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


После натпреварот се огласи и тренерот на гостинскиот тим Роналд Куман кој порача дека неговиот тим заслужил да постигне барем еден гол.

„Многу лош резултат. Можевме да постигнеме неколку голови. Се боревме, но не успеавме да дојдеме до гол и тоа е фудбалот. Мислам дека добро игравме против силен тим. Тука беше и пеналот кој судијата не ни го досуди. Ќе го анализираме натпреварот, ова е напоред распоред и не е добар за играчите“, изјави Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го одби Ливерпул за да дојде во Јувентус и сега прави чуда!

Карло Алберто Белони, агентот на голманот на Јувентус, Микеле Де Грегорио, истакна дека ов…