Дома Фудбал Куман: Невозможно е да се игра без Меси

Куман: Невозможно е да се игра без Меси

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, по поразот од Селта зборуваше за иднината на Лионел Меси.

Куман ги загрижи фановите на Барселона и истакна дека Меси мора да остане бидејќи невозможно е да се игра без него.

„Играње без него е невозможно за овој тим. Постигна 30 гола оваа сезона, донесе толку многу бодови како и порано. Очекуваме да остане, но тоа е прашање за Лео. Моето прашање е следно. Ако не е тука Лео и си замине од тимот, кој играч ќе даде 30 гола за Барселона?“, истакна Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алварез донесе победа, па побара прошка: „Погрешив со изјавата за Барселона“

По решавачкиот гол против Депортиво, Хулијан Алварез јавно им се извини на навивачите на А…