Дома Топ вести Куман: Меси ги покриваше сите проблеми во Барселона

Куман: Меси ги покриваше сите проблеми во Барселона

Тренерот на Барселона, Роналд Куман лошо ја започна сезоната и јасно е дека се соочува со големи проблеми и притисок.

Куман посочи дека заминувањето на Меси оставило голема празнина, бидејќи Аргентинецот ги покривал сите проблеми во Барселона, кои сега излегоа на површина.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лео Меси ги прикриваше сите проблеми во Барселона. Беше толку многу добар и со својата игра ги покриваше недостатоците. Секако, имаше добри фудбалери околу себе, но тој ја правеше разликата. Поради него, сите изгледаа подобри од тоа што се. Ова не е критика, едноставно е констатација“, истакна Куман.

„Знав колку е добар, но убаво е кога ќе се уверите од прва рака, кога од блиску ќе видите што прави секој ден. Се што сакате да научите еден фудбалер, од тоа да препознава ситуации, како да се справи под притисок, брзина на додавање, финиш, со Лео Меси се е 10. Не е нормално колку е добар“, додаде Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…