Дома Трансфер зона Куман го потврди големото засилување за Барселона: Тоа е завршена работа!

Куман го потврди големото засилување за Барселона: Тоа е завршена работа!

Во ек на Европското првенство, Роналд Куман размислува за новата сезона во која ќе седи на клупата на Барселона.

Куман немаше импресивна прва сезона на клупата на Каталонците, но се чини дека и натаму ужива поддршка од претседателот Лапорта.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Една од најголемите желби на Куман по доаѓањето на Камп Ноу беше Мемфис Депај, а тренерот на Барселона за новинарите во Холандија потврди дека крилниот играч на Лион ќе стане член на неговиот тим.

„Се уште не потпишал, но тоа е веќе готова работа. Се е договорено.“, призна Куман, чиј тим ќе добие уште едно големо и бесплатно засилување после двоецот од Сити, Агуеро и Ерик Гарсија.

Уште еден Холанѓанец, Вајналдум, исто така беше блиску до потпис со Барселона, но сепак на крајот играчот се одлучи за ПСЖ.

„Понудата на ПСЖ беше скоро двојно подобра од онаа на Барселона и немаше можност да дојде кај нас, иако претходно беше подготвен да потпише за Барселона. Сепак, понудата од Париз ги смени сите наши планови.“, рече Куман.

Депај во претходните четири ипол години играше за Лион, каде одигра вкупно 178 натпревари и постигна 76 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…