Дома Фудбал Италија Кулушевски уште првиот ден ги изнервира фановите на Јувентус

Кулушевски уште првиот ден ги изнервира фановите на Јувентус

Дејан Кулушевски е првото засилување за италијанскиот шампион Јувентус во новата година, откако „бјанконерите“ за неговиот потпис се согласија да платат 45 милиони евра.

19-годишниот офанзивен фудбалер со македонско потекло блеска оваа сезона во Серија А и со добрите игри си обезбеди трансфер во „старата дама“.

Не така одамна, Кулушевски даде кратко интервју за шведски „СТВ Спорт“, а истото денес е главна тема на Апенините.

Младиот фудбалер во интервјуто го избра Меси пред Роналдо, и Тоти пред Дел Пјеро, а за најомилен играч го избра Златан Ибрахимовиќ.

На „вечното“ прашање Лионел Меси или Кристиано Роналдо, тој го избра Меси и откри дека негов омилен клуб му е Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Карагер удри по Сити: Ги украдоа спомените и емоциите!

Земете им ги медалите и трофеите. Одговорност имаат и играчите. Не ја сакам таа медалја. И…