Дома Фудбал Кулушевски трансфер на сезоната во Премиер лигата

Кулушевски трансфер на сезоната во Премиер лигата

Шведскиот репрезентативец со македонско потекло, Дејан Кулушевски е избран за трансфер на сезоната во англиската Премиер лигата.

Во јануари Кулушевски во „пакет“ со Родриго Бентакур се пресели од Јувентус во Тотенхем. Токму по одлично одработениот преоден рок Тотенхем почна да ја подига формата и да бележи одлични резултати, па од 9-тата позиција во која беа во еден момент на крајот се изборија за четвртата позиција и место во Лигата на шампионите.

Во анализите кои се прават по завршувањето на сезоната токму Кулушевски се означува како еден клучните фактори поради кои Тотенхем започна да игра подобро.

Од доаѓањето во Лондон Кулушевски собра 18 настап ии постигна пет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Понуди од 100 милиони за Фермин: Јунајтед и Челси притискаат, но имаат голема пречка

Барселона наводно добила понуди од околу 100 милиони евра за Фермин Лопез. Јунајтед и Челс…