Дома Фудбал Италија Кулушевски: Се шегував со Роналдо, но не можам да кажам за што

Кулушевски: Се шегував со Роналдо, но не можам да кажам за што

Фудбалерот со македонско потекло, Дејан Кулушевски блесна оваа сезона во Серија А и си обезбеди трансфер во Јувентус.

Шведскиот репрезентативец уште во јануари потпиша за Јувентус за сума од 35 милиони евра, но остана на позајмица во Парма да ја доигра сезоната.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кога дошол на потпис на договорот го пречекале легендите на Јувентус и Кристиано Роналдо.

„Веќе го запознав Роналдо и беше многу возбудливо. Кога дојдов да потпишам договор Кристиано заедно со Киелини, Буфон и Бонучи ме пречкаа лично. Се шегувавме пред мечот Јувентус-Парма, но не можам да го кажам тоа јавно“, изјави Кулушевски.

Кулушевски потоа додаде дека едвај чека да ја започне новата сезона со Јувентус и му се восхитува на Пауло Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн преку Арсенал до полуфинале🎥

Баерн Минхен обезбеди полуфинале во Лигата на шампиони откако со минимални 1:0 славеше про…