Дома Фудбал Кулушевски номиниран за наградата „Голден Бој“

Кулушевски номиниран за наградата „Голден Бој“

Весникот „Тутоспорт“ традицијално секоја година ја доделува наградата „Голден Бој“ за најдобар млад фудбалер во Европа.

Весникот ги објави номинираните, а меѓу нив е и фудбалерот кој има македонски корени, Дејан Кулушевски, кој во јануари потпиша за Јувентус.

Покрај Кулушевски кандидати се Ансу Фати од Барселона, дваоецот на Борусија Дортмунд Џејсон Санчо-Ерлинг Халанд, Фил Фоден од Манчестер Сити, Сандро Тонали од Бреша, Габриел Мартинели од Арсенал, Родриго од Реал Мадрид…

Претходни победници на оваа награда се имиња како Лионел Меси, Вејн Руни, Серхио Агуеро, Пол Погба, Рахим Стерлинг, Килијан Мбапе и Матијс де Лихт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед без ново привремено решение? Карик пред важен тест со Вила

Победата над Рома му донесе здив на Мајкл Карик, но не ги отстрани дилемите на управата. А…