Дома Фудбал Италија Кулушевски: Го избрав Јувентус поради Сари

Кулушевски: Го избрав Јувентус поради Сари

Дејан Кулушевски е првото засилување за италијанскиот шампион Јувентус, откако „бјанконерите“ го договорија неговиот трансфер во јануари.

19-годишниот офанзивен фудбалер со македонско потекло блеска оваа сезона во Серија А и со добрите игри си обезбеди трансфер во „старата дама“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јувентус за неговиот потпис на Аталанта и плати 35 милиони евра плус се обврза во следните години да исплати уште 10 милиони во име на бонуси.

За неговиот потпис силно беше заинтересиран и Интер, а Кулушевски откри дека го избрал Јувентус поради тренерот Сари.

„Би сакал да ја завршам оваа сезона на најдобар можен начин и едвај чекам да му се приклучам на Јувентус. Одам во тој клуб за да учам и да растам како играч. Едвај чекам да играм заедно со Дибала. Пред мечот Парма – Јуве Роналдо, Буфон и Киелини ме поздравија и му посакаа добредојде“, изјави Кулушевски.

„Зборував со Сари и поради него го избрав Јувентус, ми се допаѓа начинот на кој играат неговите тимови. Тактиката на Конте е различна и тоа ми создаваше сомнеш, поради тоа го избрав Јуве“, откри Кулушевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …