Италијанската Фоџа која оваа сезина исапдна од втора во трета лига денес е ставена на продажба за цена од едно евро.
Семејството Санела кое ја купи Фоџа пред две години повеќе не може да го финансира клубот и интезивно бараше инвеститор со кој клуб ќе застане на стабилни нозе.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фоџа минатата сезона поради финансиски малверзации сезоната во Серија Б ја започна со -15 бодови, а подоцна тој минус им се намали на шест. На крајот клубот испадна во третата лига откако сезоната ја заврши на 17-тата позиција. Доколку не и беа одземени бодовите Фоџа би се спасила без поголеми проблеми.
Помладите љубители на фудбалот може не знаат, но Фоџа кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите беше хит во италијанскиот и европски удбал. Италијанската лига во тие години беше далеку најсилна на светот, а Фоџа под водство на Зденек Земан од 1989 до 1995 година играше спектакуларен фудбал.
Од првата италијанска лига Фоџа испадна во 1995 година исто така поради финансиски проблеми, тогаш клубот го напушти и Земан. Во 2004 година клубот беше спасен од целосно згаснување, но банкротираше осум години подоцна па денес поради тоа се нарекува Фоџа Калчо.
#Foggia | Il comunicato del club ??https://t.co/flwl2YiReW
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) June 18, 2019