Дома Македонски спорт Кузмановски: Со Египет ќе пробаме нешто ново, но нема се да откриеме пред ЕП

Кузмановски: Со Египет ќе пробаме нешто ново, но нема се да откриеме пред ЕП

Ракометната репрезентација на Македонија денес се собра во хотелот „Александар Палас“ во пресрет на натпреварите со Египет кои ќе бидат подготовки за Европското првенство кое ќе се игра во јануари.

Не се пристигнати сите репрезентативци, а тука е еден од оние од кој се очекува да имаат голем придонес во играта, Филип Кузмановски.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„За некои играчи ова ќе биде последно првенство. Колку што следам можам да забележам квалитет во македонската лига и тоа се гледа на теренот. Египет за мене е идеален противник во ЕХФ неделата, навистина добро се развиваа во последните години. Ќе имаме прилика да одработимек добар тест пред ЕП“.

Кузмановски очекува чекор напред ов квалитетот.

„Може да го следиме примерот на Египет, иако мислам дека нашиот систем со Лазаров може да биде подобар. Во кариерата Лазаров имаше соработка со врвни тренери и очекувам да играме добра промена во нападот и одбраната. Сигурно дека ќе пробаме нешто ново со Египет, меѓутоа и нема се да откриеме пред првенството“, изјави Кузмановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Навивачите на Арсенал го обвинија Баерн за „валкана игра“ на полувремето во реваншот

Eкипата на Арсенал вчера доживеа елиминација во Лигата на шампионите откако беше поразена …