Дома Македонски спорт Кузмановски: Самите сме виновни за поразот, но има уште два натпревари затоа – главата горе!

Кузмановски: Самите сме виновни за поразот, но има уште два натпревари затоа – главата горе!

Иако ретко кој очекуваше, но сепак Македонија прикажа добра игра и цел натпревар се држеше со Словенија која на крајот сепак поради искуството го доби натпреварот со 27:25.

За Филип Кузмановски овој пораз е по малку фрустрирачки бидејќи не ја искористивме шансата која ја имавме.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Искрено не знам што да кажам после еден ваков натпревар. Се уште сум во еуфорија. Верував дека можеме да ја победиме Словенија и докажавме дека можеме само да не ги направевме тие технички грешки. Навистина се боревме и самите сме виновни што не изгубивме. Сепак, имаме уште два натпревари, главата горе и треба да одиграме уште поборбен“.

„И самите видовме дека можеме да играме ние помладите, оваа е таа генерација што се споменува цело време. Денес не можам да кажам што недостасуваше. Ќе го анализираме натпреварот, па потоа може да коментираме. Немаме време да се разочаруваме, одиме напред“, изјави Кузмановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…