Дома Македонски спорт Мак фудбал Крстески:Дисциплинираната и агресивна игра ја донесоа победата

Крстески:Дисциплинираната и агресивна игра ја донесоа победата

 Фудбалерите на Победа со одлична игра и благодарение на фуриозните први 45 минути во премиерниот меч од новата сезона на Втората лига-Исток го совладаа Кит-Го од Пехчево со 4-1.

По мечот разбирливо задоволство од добрата игра и првите освоени 3 бода во црвено-белиот табор. Шефот на Стручниот штаб Дарко Крстески ја потенцира дека најзаслужни за победата и освоените бодови се фудбалерите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Најпрвин би сакал да им честитам на моите фудбалери на победата и залагањето. Навистина беше тешко да се игра по спарното време и да се издржи високиот ритам кој го наметнавме од самиот почеток на натпреварот. Свесни бевме и наша интенција беше од првиот судиски свиреж со агресивна и максимално дисциплинирана игра да извршиме притисок на противничкиот гол и по можност во раната фаза од мечот да се стекнеме со резултатска предност. За среќа играчите нашите замисли ги спроведоа во дело и сосема заслужено стигнавме до посакуваната победа“.

„Во поглед на забелешките на тренерот на Кит-Го не би сакал да се спуштам на неговото ниво туку само ендоставно би кажал дека условите за игра беа исти за двата тима, а досега ниеден мој колега кој со својот тим победил на Могила не се жалел на теренот и условите за игра. Теренот е ист за екипите кои играат, најбитно е тие да имаат објективна арбитража-каква што вчера ни овозможи судиската тројка, па кој е подобар нека победи. Останува само да посакам повеќе среќа на симпатичната екипа од Пехчево во продолжение на првенството. Ние си ја гледаме нашата работа. Не интересираат само добри резултати. Ориентирани сме кон сопствените редови, како да ја подобриме нашата игра со цел да освојуваме што повеќе бодови. Се друго е ирелевантно“, истакна Крстевски.

Во наредното 2-ро коло од првенството на Втората лига-Исток во недела на 23-ти август од 16,30 часот на теренот на Могилата Победа ќе го пречека новајлијата во лигата Росоман, кој на стартот на шампионатот на свој терен ја совлада Слога од Виница со 2-1.

Неделните противници на 5-ти август одиграа пријателски натпревар во Росоман кој Победа го доби со 2-0 со головите на Гешоски и Колевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија комплетна во подготовките за мундијалскиот бараж!

Ракометната репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките пред баражот кој не оч…