Дома Македонски спорт Мак баскет Крстевски: Очекувам да бидеме први, но нема да биде лесно

Крстевски: Очекувам да бидеме први, но нема да биде лесно

Бојан Крстевски е еден од репрезентативците кои играа против нашите ново-стари ривали, сега во вториот круг од претквалификациите за пласман на Светскиот Куп во 2023 година.

Добро се сеќава на дуелите Швајцарија и Словачка во претходниот квалификациски циклус.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Крстевски е оптимист дека можеме исто да поминеме и во овој циклус, да завршиме на првата позиција на табелата во групата „Ф“.

„Швајцарија и Словачка ни се добро познати противници. Игравме со нив во еден циклус и остваривме три победи и еден пораз и го освоивме првото место. Очекувам да ги повториме тие резултати и повторно да завршиме како првопласирани што воопшто не значи дека ќе биде лесно“- вели високото крило на нашиот национален сениорски состав.

Но Крстевски не се залажува со резултатите во минатото. Напротив повикува на внимателност за дуелите кои ќе се играат во август.

„Швајцарија може да биде многу незгодна, ја изненади Србија во претходните квалификации. Исто така Словачка има искусни и квалитетни играчи. И затоа не можеме да спиеме на тоа уво дека ќе успееме само поради добрите резултати во поранешните дуели“.

Апострофира уште еден и тоа како важен момент, отсуството на капитенот Војдан Стојановски.

„Голем хендикеп за нас ќе биде отсуството на капитенот Војдан Стојановски. Но имаме многу млади кошаркари кои сигурен сум дека ќе ја искористат шансата и ќе се истакнат во овие претквалификации“- додава Крстевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…