Дома Фудбал Лига на шампиони Критики за Погба: Почнува да игра како кога Мурињо го водеше Јунајтед

Критики за Погба: Почнува да игра како кога Мурињо го водеше Јунајтед

Oткако постигна два гола во победата на Манчестер Јунајтед против Вест Хем во Премиер лигата, Пол Погба вчера против Барселона разочара.

Французинот блесна после доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на клупата на тимот од „Олд Трафорд“, меѓутоа изгледа како повторно да почнува да игра како кога Мурињо го водеше Манчестер Јунајтед.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Гери Невил ја критикуваше играта на Французинот и изјави дека Погба не бил фокусиран на играта и не покажал желба за победа.

„Погба сега игра онака како што играше пред да дојде Оле“, започна Невил и продолжи:

„Мислам дека одигра многу слабо, без желба за игра, играше само за себе. Не се движеше доволно и понекогаш изгледаше апсолутно незаинтересирано“.

Потоа сепак и го пофали Французинот.

„Но, тој е голем играч и може да стане уште подобар, само треба да го врати тој фокус на играта“, заклучи поранешниот играч на Манчестер Јунајтед.

Невил исто така ја коментираше и грешката на Давид Де Геа.

„Знам дека луѓето зброуваа дека Де Геа во последните 12 месеци направил некои грешки, но на многумина тоа не им се допаѓа. Не можам да замислам дека некој во Манчестер Јунајтед сака Де Геа да си замине“.

„Мислам дека е важно за така искусен играч кој има големо искуство кога ќе направи таква грешка, да објасни што довело до тоа, така би си помогнал и самиот себе“, заклучи Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…