Легендата на британскиот фудбал го смета Касемиро за просечен фудбалер кој имал само среќа да игра со големи фудбалери кои го правеле и него подобар.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Касемиро беше незаменлив во тимот на Реал Мадрид со години на ова лето реши да ја промени средината и да заигра во Премиер лигата за Манчестер Јунајтед.




„Касемиро не е голем фудбалер, имаше среќа што играше со Крос и Модриќ кои се големи фудбалери. Има 30 години и сумата која ја плати Манчестер Јунајтед за него е преголема. Не очекувам дека Касемиро може многу да го подобри Јунајтед“, изјави Сунес.




Касемиро вчера пред натпреварот со Ливерпул беше претставен на „Олд Трафрод“, а веќе од наредниот викенд ќе има право да дебитира за „црвените ѓаволи“.