Тим менаџерот на Милан, Кристијан Абијати очекува добар натпревар против Арсенал во Лигата на Европа.
Ждрепката сакаше Милан и Арсенал да се сретнат во 1/8 финалето од Лигата на Европа, еден од двата големи фаворити за освојување на ова натпреварување ќе мора тука да го заврши својот пат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кристијан Абијати кој долги години го бранеше голот на Милан признава дека не се надевал на ваков противник.
„Кога ни останаа четири можности, искрено се надевав на Салзбург, но Милан има неверојатно историска поврзаност со Арсенал. Тоа ќе бидат спектакуларни натпревари. Арсенал можеби не е како некогаш, но и понатаму се голем клуб кој игра квалитетен фудбал“.
„Последниот натпревар? Се сеќавам, но со задоволство би го заборавил. Победивме 4:0 на домашен терен, а потоа во Лондон губевме со 3:0, малку недостасуваше да бидеме елиминирани. Да, поминавме, но се надевам дека грешките од тој натпревар нема да ни се повторат. Ние сме силен тим се надевам дека ќе продолжиме со добрите резултати“, изјави Абијати.