Дома Фудбал Лига на шампиони Кристијано Роналдо по кој знае кој пат испиша историја во ЛШ

Кристијано Роналдо по кој знае кој пат испиша историја во ЛШ

Јувентус синоќа на својот стадион без поголеми проблеми стигна до победа од 3:0 против Баер Леверкузен во 2. коло од ЛШ.

Старата дама поведе со голот на Игуаин во првото полувреме, а во второто Бернардески и Роналдо, кој постигна гол пред крајот на натпреварот ја потврди победата на клубот од Торино.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ова беше натпревар во кој Португалецот по кој знае кој пат испиша историја во најелитното клупско натпреварување.

Роналдо помина девет години во Реал Мадрид, со кој четири пати ја освои титулата во ЛШ, а со тоа одигра и голем број натпревари и постигна многу голови.

Во натпреварот против германскиот тим Роналдо успеа да го сруши рекордот на Касиљас по бројот на победи во ЛШ со оглед дека стигна до бројот 102, а легендарниот шпански голман остана на бројот 101.

Исто така, Португалецот со погодокот против Леверкузен го изедначи рекордот на Раул, кој погодил против 33 различни клуба, па веројатно многу брзо и овој рекорд ќе биде срушен.

Покрај тоа, тој покрај Меси и Раул стана играчот кој во 14 сезони по ред постигнал барем по еден погодок во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…