Дома Топ вести Кристиано – кралот на кралевите!

Кристиано – кралот на кралевите!

Најдобриот фудбалер на светот за минатата година, Кристиано Роналдо синоќа подобри уште еден рекорд, со голот кој ги постигна против Ал Џезеира на Светското клупско првенство.

Тоа за Португалецот беше 6-ти погодок во едно Светско клупско првенство и со тоа ги надмина Лео Меси и Луис Суарез кои имаат 5 гола во ова натпреварување.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Роналдо веќе има постигнато гол на три различни изданија на Мундијалито – во 2008, 2016 и 2017 година. Минатата година тој постигна четири гола, еден во полуфинале и три во финалето.

Роналдо во своето CV има бројни рекорди кога се головите во прашање. Тој е број еден голгетер во историјата на Лигата на шампиони (114), број 1 во сите европски натпреварувања (115), притоа е број 1 во постигнати голови за најславниот фудбалски клуб Реал Мадрид.

Феноменот од Мадеира до сега има постигнато 421 гол, со повеќе од 100 гола пред вториот најефикасен „крал“ во историјата Алфредо ди Стефано (308). Роналдо во просек има повеќе од еден гол по натпревар за Реал Мадрид.

Весникот „АС“ со право го нарече – Крал на сите кралеви!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Анчелоти плачел и го молел Касемиро да не заминува од Реал Мадрид

Бразилецот Касемиро заедно со Лука Модриќ и Тони Крос десет години царуваа на средината од…