Вечерва се игра второто полуфинале на Европското првенство од кое Италија ќе го добие својот противник во финалето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дел од финалето ќе биде и членот на Челзи, Андреас Кристенсен кој со голема самодоверба го најави натпреварот.
„Верувам дека имаме квалитет да се спротиставиме на Англија. Како екипа би кажал дека Англија не е подобра репрезентација од нас. На трибините ќе имаме помалку навивачи, но знаеме дека нашите навивачи се сонас. Ќе се обидеме да бидеме смирени и да покажеме дека имаме квалитет да играме против најдобрите“, изјави Кристенсен.
Полуфиналето како што е познато се игра вечерва од 21:00 часот.