Напаѓачот на Јувентус, Кристиано Роналдо ќе стане само третиот спортист кој во кариерата заработил милијарда долари, пренесува „Бизнис Инсајдер“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
35 годишниот португалски репрезентативец е третиот на списокот после голферот Тајгер Вудс и боксерот Флојд Мејведер.
Роналдо магичната граница ќе ја помине во текот на 2020 година и покрај намалувањето на платите во Јувентус поради прекинот на сезоната и пандемијата со коронавирусот.
Португалецот кариерата ја започна во Спортинг Лисабон, а подоцна играше во Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и од летото 2018 е во Јувентус.
Истиот извор наведува и дека Роџер Федер ќе биде првиот милијардер помеѓу тенисерите оваа година.