Петицијата Коби Брајант да се постави на логото на НБА собра повеќе од 1.5 милион потписи.
Онлајн петицијата беше направена од навивачите на Лејкерси каде што Брајант ја помина целата кариера. Организаторите биле шокирани кога го виделе бројот на потписи кои се собрале за помалку од 24 часа од стартот на аукцијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Нашата цел беше да собереме 500.000 потписи, меѓутоа сега имаме три пати повеќе. Бројката констатно се зголемува. Сакаме да се заблагодариме на сите кои дадоа свој допринос во потпишувањето на петицијата. Се надевам дека нашиот напор ќе се исплати“, напиша креаторот на акцијата.
Актуелното лого на НБА беше креирано од Алан Дигел во 1696 година прилагодувајќи се на силуетата на ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерси Џери Вест од фотографијата која ја направи Вен Робертс.