Дома Фудбал Репрезентации Креспо: Аргентина нема резултат затоа што Меси и Агуеро се шетаат по теренот!

Креспо: Аргентина нема резултат затоа што Меси и Агуеро се шетаат по теренот!

Репрезентацијата на Аргентина разочара на стартот на Копа Америка и во воведниот натпревар од групната фаза „Гаучосите“ забележаа пораз од селекцијата на Колумбија со 2:0.

После овој пораз на мета на критичарите се најде најдобриот играч на Барселона Лионел Меси кој претходно после неуспехот на Мундијалот се повлече од репрезентацијата поради големиот притисок од јавноста. Сега работите како да се повторуваат.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Аргентина не може да има рамнотежа затоа што има двајца играчи кои воопшто не помагаа во дефанзивата ,а тоа се Меси и Агуеро. Кога противникот напаѓа тие само шетаат по теренот“, директен со критиките беше Креспо.

Аргентина на трофеј на Копа Америка чека уште од 1993 година.

„Меси и Агуеро се наши најважни играчи, но нивната незаинтересираност да помогнат кога противникот напаѓа многу им ја олеснува работата на нашите ривали“, додаде Креспо.

Првите бодови на Копа Америка Аргентина ќе ги бара во натпреварот против Парафвај кој на програмата е во четврток во раните утрински часови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Борусија продолжува да лансира млади фудбалери: Потпиша договор со тинејџер кој ги помина скоро сите младински категории

Eкипата на Борусија Дортмунд продолжува како и во минатото продолжува да им дава шанса на …