Дома Македонски спорт Мак фудбал КРАЈ: Фелипе со бразилска мајсторија стави точка, Вардар поразен (Видео)

КРАЈ: Фелипе со бразилска мајсторија стави точка, Вардар поразен (Видео)

Вардар денеска го одигра и вториот натпревар во рамките од второто коло во Лигата на Европа и повторно црвено-црните запишаа нов убедлив пораз, овој пат подобар беше Розенборг со 3:1.

Избраниците на Јаневски добро започнаа на самиот старт, Блажевски ја погоди стативата од голот на Хансен. Оваа шанса иако беше почетокот од натпреварот, се покажа како најголема за Вардар во овој натпревар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минутите одминуваа, се играше на средината од средината на теренот, но домаќините некако успеаа да стигнат до голот на Гачевски и да се изборат за пенал. Одговорноста ја превзема, Никлас Бендтнер, кој го доведе својот тим до водство од 1:0, резултат со кој се замина на полувремето.

Во вториот дел нешто слично како и во претходниот натпревар против Зенит,  Вардар одлично започна имаше и игра и иницијатива, се играше пред голот на Хансен. Сепак, за жал Кондрасен во 56 минута од средбата со еден удар од далечина успеа да го совлада Гачевски кој беше немоќен. Во овој момент како да се сруши се, Розенборг ја превзема играта и поседот, а тоа резултираше со нов гол во нашата мрежа во 68 минута. Бендтнер одлично со пета го проигра Хеденстад кој зголеми 3:1

Исени во 83 минута од средбата немаше среќа да биде стрелецот на првиот гол за Вардар во Лигата на Европа, неговиот удар беше запрен на гол линијата од дефанзивецот на Розенборг, Мелинг. Тоа му успеа на Хуан Фелипе во во финишот кој погоди со вистинска мајсторија.

Следниот натпревар во Лигата на Европа Вардар го игра на домашен терен против Реал Сосиедад на 19 октомври.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…