Повеќе нема никакви дилеми, заврши една од најдолгите трансфери саги ова лето – Хари Кејн ќе го засили Баерн Минхен!
Иако се појави информација дека откако постигнале договор Тотенхем и Баерн, Кејн размсилувал дали да ја прифати понудата, сега донел конечна одлука. Напаѓачот ја прифатил понудата од Баерн и веќе денес би можел да пристигне во Минхен на медицински прегледи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во Баерн се очекува Кејн да го носи дресот со број „9“, а неговата плата би требало да изнесува 25 милиони евра. Тотенхем за услугите на англискиот репрезентативец успеа да извлече 100 милиони фиксна оштета и уште 20 кои може да ги добие преку бонуси.
Harry Kane to FC Bayern, here we go! Deal completed between all parties as Kane has given final green light 🚨🔴
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 11, 2023
Tottenham to receive €100m fixed fee plus add-ons up to €20m package.
Kane will sign a four year deal, he’ll fly to Germany today.
Medical booked. Done deal. pic.twitter.com/iervbXzkwt