Дома Топ вести Крај на една ера: Модриќ и Крос го напуштаат Реал Мадрид

Крај на една ера: Модриќ и Крос го напуштаат Реал Мадрид

Како што пренесуваат шпанските медиуми на крајот на сезоната Лука Модриќ и Тони Крос ќе го напуштат Реал Мадрид.

Тоа ќе значи и крај на една ера, бидејќи Модриќ и Крос заедно со Каземиро го сочинуваа „јадрото“ на Реал долги години и беа најзаслужни за големите успеси.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Договорите на двајцата ветерани истекуваат на крајот на сезоната, а Реал Мадрид веќе размислува за нивни замени.

„Калчомеркато“ пренесува дека „кралевите“ нивната замена ќе ја доведат од Серија А, бидејќи Анчелоти е силно заинтересиран за Николо Барела од Интер и Милинковиќ-Савиќ од Лацио.

Цената на овие фудбалери изнесува околу 70 милиони евра, а Реал ќе се обиде да донесе најмалку еден од нив на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …