Дома Топ вести Крај и на оваа сезона за малерозниот Рафиња…

Крај и на оваа сезона за малерозниот Рафиња…

Штотуку се врати во игра, и повторно во болница. Играчот за врска на Барселона ги повреди лигаментите на коленото поради што веројатно ќе го пропушти остатокот од сезоната.

За потсетување, Рафиња поради повреда на менискусот го пропушти и крајот на сезоната 2016/17, односно цела есен во сезоната 2017/18. Потоа на позајмицата во Интер беше и повеќе од добар, иако Барселона сакаше да го продаде, но тогаш сфатија дека Рафиња сепак може да игра врвен фудбалм па не сакаше да го пушти „бадијала“. Со оглед на тоа дека немаше конкретни и добри понуди, тој остана на „Камп Ноу“, долго чекаше на шанса кај Ернесто Валверде, па во последните месеци почна почесто да игра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синоќа против Атлетико играше 45 минути, но подобро и да не ги играше. Тој на полувреме го замени Серџи Робето кој поради повреда ќе замине на едномесечна пауза, односно до крајот на 2018. година.

Рафиња баш нема среќа. Не првпат, ниту пак вторпат, поради повреда на лигаментите на коленото ја пропушти речиси цела сезона 2015/16. Баш нема среќа…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…