Дома Фудбал Италија Кратка беше ерата во дресот на „Росонерите“: По Монтела, за само шест месеци се пакува и Калиниќ

Кратка беше ерата во дресот на „Росонерите“: По Монтела, за само шест месеци се пакува и Калиниќ

„Росонерите“ пред неколку дена му врачија отказ на Винченцо Монтела, кој на „Сан Сиро“ го донесе Никола Калиниќ.

Сепак, навивачите на Милан многу повеќе очекуваа од хрватскиот напаѓач кој во досегашниот дел одигра 15 натпревари и постигна „скромни“ 3 погодоци.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Според пишувањата на италијанските медиуми, новиот тренер на Милан, Џенаро Гатузо, предност во нападот ќе им даде на Силва и Кутроне, што значи дека Калиниќ по само шест месеци би можел да го промени клубот. Дека ситуацијата не е најдобра во Милан покажа и последниот меч против Торино кога навивачите го исвиркуваа Калиниќ.

Како што се наведува, веќе неколку екипи покажаа интерес за овој 30-годишен фудбалер, но по се судејќи, Калиниќ е најблиску до заминување во Кина. Летово Калиниќ беше блиску кариерата да ја продолжи во далечната Кина, но на крајот одлучи да остане во Италија.

Меѓутоа, како што стојат работите, заминувањето во Кина го одложи на шест месеци. Најмногу интерес за него има тимот кој е предводен од Фабио Канаваро, а Милан ќе прифати да го продаде, само во случај Кинезите да платат 45 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…