Аргентинскиот фудбалер, Лео Меси минатиот викенд ја спаси Барселона од својот прв пораз оваа сезона во Ла Лига на гостувањето против Севиља.
Натпреварот во Севиља заврши со резултат 2:2, иако домаќинот на пет минути пред крајот имаше водство од 2:0. Меси натпреварот го започна од клупата, но откако Севиља го постигна вториот гол, Валверде беше принуден да го стави својот најдобар играч во игра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Не е чест случај Меси да започне натпревар од клупата, па поради тоа неверојатно звучи дека успеа да сруши уште еден рекорд.
Имено, Меси стана првиот играч во овој шпански шампионат кој успеа да постигне 21 гол на натпреварите кои ги започнал како резерва. Пред него овој рекорд го имаше легендарниот напаѓач Валтер Пандиани.
21 – Lionel Messi has scored 21 La Liga goals as a substitute, more than any other player in the competition in the 21st century (Walter Pandiani, 20). Impact. pic.twitter.com/LB1oZoPvKp
— OptaJose (@OptaJose) April 2, 2018